Сите важни информации во врска со активните договори за финансирање може да се најдат во секое време на онлајн порталот за клиенти на Порше Лизинг.
Доколку сè уште не сте го користеле онлајн порталот, слободно контактирајте не преку е-пошта на [email protected] за да можеме да ви испратиме податоци за пристап.
Порше Финансиска Групација - МОБИЛНОСТ НА ИДНИНАТА
Нашите производи и услуги:
НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Финансиски лизинг
Отплата на возилата на еднакви месечни рати.
Со отплата на последната рата за лизинг, вие сте сопственик на возилото.
Оперативен лизинг
Идејата за закуп на возило е користење на возилото, а не стекнување сопственост на истото.
Возилото се користи и по истекот на договорот за закуп, склучувате договор за ново, помодерно возило.
Партнер во осигурувањето
Без оглед дали станува збор за ново или половно возило или планирате патување, имаме можност да ви понудиме каско осигурување, задолжително осигурување од автоодговорност, осигурување од незгоди, како и патничко здравствено осигурување.
FLEET MANAGEMENT
Најдоброто за вашата флота!
Fleet Management ви обезбедува финансирање, одржување и осигурување, сѐ на едно место.
topSERVICE
ТopSERVICE е услуга што ви овозможува сите трошоци што се однесуваат на грижа за вашето возило (редовно одржување, осигурување, регистрација, гуми) да ги плаќате низ договорени месечни рати.
sharetoo
Користете автомобил тогаш кога ви е потребен и онолку колку што ви е потребен.
sharetoo е одговор на потребите на компаниите што сакаат да користат возен парк на ефикасен начин, од еден час до 12 месеци.
ПОНУДИ
Нашата мисија е да пронајдеме решение за вашата мобилност!
Во таа насока, понудите за финансирање и закуп на возила ги приспособуваме на вашите потреби и барања.
Одберете понуда што ги исполнува вашите очекувања и обезбедете си сигурна МОБИЛНОСТ НА ИДНИНАТА.
ВАШИТЕ ПРЕДНОСТИ
ПО МЕРКА
Порше финансиската групација нуди финансирање создадено за вас, без разлика дали сте физичко или правно лице и дали рокот на финансирање е пократок или подолг. Тука сме да ви обезбедиме совршена мобилност.
ФЛЕКСИБИЛНО
Сакате финансиски или оперативен лизинг, потребно ви е каско осигурување или можеби одржување на возниот парк?
Порше финаниската групација излегува во пресрет на вашите специфични потреби.
ДИРЕКТНО
Финансирањето и осигурувањето можете да ги договорите директно кај вашиот продавач на возила. Едноставно, без многу административни работи и директно.
Имате една контакт-личност за сите прашања.