Финансиски лизинг

Отплата на возилото на еднакви месечни рати. Со отплата на последната рата, стекнувате сопственост над возилото.

Овој начин на финансирање е наменет пред сѐ за клиенти што сакаат да го задржат возилото по истекот на договорот. Погоден е и за компании што сакаат да го амортизираат возилото во нивните деловни книги.

МОЖНОСТИ ЗА ЛИЗИНГ

Финансиски лизинг

Со финансиски лизинг, вашето возило го плаќате на еднакви месечни рати.

Лизинг ПЛУС

Флексибилно. Понуда приспособена на вашите потреби.

Финансиски лизинг каде што последната месечна рата е повисока од другите. Вака креираната понуда ви овозможува вашите месечни рати за лизинг, за време на траење на договорениот период, да бидат приспособени на вашите можности.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ

ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ПРАВНИ ЛИЦА

САКАТЕ ДА ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА ЛИЗИНГ?

Доколку сакате да поднесете барање за финансиски лизинг и ве интересира која документација е потребна за одобрување на финансирањето, дознајте повеќе детали со преземање на барањето за финансирање.

Потребна документација

ПРЕДНОСТИ НА ФИНАНСИСКИОТ ЛИЗИНГ

  • Едноставен производ наменет за физички и правни лица
  • Флексибилни, индивидуални и брзи решенија
  • Брзото одобрување ви овозможува да го добиете вашиот автомобил во рок од 48 часа
  • Период на отплата и до 84 месеци
  • Без ограничување на годишна километража

  • Можност за плаќање поголемо учество. На овој начин се намалува основата за пресметка што влијае на висината на вашата месечна рата за лизинг
  • Можност да се договори остаток на вредност
  • Со отплата на последната рта за лизинг, корисникот на лизинг станува сопственик на возилото

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ

Корисни информации што можат да ви помогнат при донесување одлука за реализација на финансиски лизинг.

Дознај повеќе

ПОНУДИ ЗА ЛИЗИНГ ЗА НОВИ И КОРИСТЕНИ ВОЗИЛА

VW

Пронајдете понуда за финасиски лизинг помеѓу расположливите модели на Volkswagen патнички возила.

VW КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА

Пронајдете понуда за финансиски лизинг помеѓу расположливите модели на Volkswagen комерцијални возила.

Audi

Пронајдете понуда за финансиски лизинг помеѓу расположливите модели на Audi возила.

SEAT

Пронајдете понуда за финансиски лизинг помеѓу расположливите модели на SEAT возила.

ŠKODA

Пронајдете понуда за финансиски лизинг помеѓу расположливите модели на Škoda возила

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА – ФИНАНСИСКИ ЛИЗИНГ

Финансискиот лизинг е вид на финансирање што подразбира постоење на три страни: корисник на лизинг, давател на лизинг и испорачател. Тоа претставува модерен начин на финансирање и пред сè е наменет за клиентите што по истекот на договорот сакаат да го откупат возилото. Овој вид лизинг е исто така соодветен и за фирмите што сакаат да го амортизираат возилото во деловните книги, со оглед на тоа што истото се евидентира како финансиска сопственост на корисникот на лизинг.

За разлика од кредитот, по пат на финансиски лизинг се финансира конкретен предмет што станува сопственост на корисникот на лизинг дури откако ќе биде исплатена последната рата. Кај договорот за финасирање преку кредит правен и економски сопственик на возилото е корисникот на кредит.

Основна разлика помеѓу финансискиот и оперативниот лизинг е во тоа што финансискиот лизинг претставува финансирање на купувањето (корисникот на лизинг станува сопственик на предметот на лизинг со исплата на последната лизинг рата), додека оперативниот лизинг (закупот) е замислен како користење на предметот на лизинг. Кај оперативниот лизинг возилото се дава на користење, што е многу слично на рент а кар. По завршувањето на периодот на закуп не доаѓа до промена на сопственоста, туку возилото се враќа на закуподавецот. Оперативниот лизинг најмногу одговара на фирмите што релативно често го менуваат возниот парк.

Порше Лизинг финансира патнички и комерцијални возила од брендовите Volkswagen, Porsche, Audi, SEAT, Škoda и MAN. Предметот на лизинг може да се одбере во салоните на нашите овластени дилери за Volkswagen, Porsche, Audi, SEAT, Škoda и MAN.

Периодот на финансирање зависи од кредитната способност на клиентот (способност за плаќање), износот на финансирање и предметот на закупот. Најдолгиот период на финансирање е 7 години.

Висината на учеството се одредува според бонитетот на клиентот и се движи во интервалот од 15% до 50%.

Во финансискиот лизинг ратата не треба да биде поголема од 40 % од вкупните редовни приходи на тоа лице, при што предвид се земени и другите лизинг/кредитни обврски што клиентот веќе ги има. Ограничувањето на висината на ратата кај правните лица се одредува според бонитетот на клиентот.

Ратите се со варијабилна каматна стапка за ЕУР и е врзана на тримесечен EURIBOR. Во случај на пораст на тримесечниот EURIBOR, ќе дојде до промена на ратата.