Оперативен лизинг

Возете ги секогаш најновите модели на автомобили од брендовите Volkswagen, Audi, SEAT, Škoda, Cupra.

Како? Со помош на закупот што ви го обезбедува „Порше Лизинг“, користете го автомобилот од соништата, уживајте во сигурноста на планираните трошоци, вратете го возилото на крајот од договорениот период и склучете нов договор за закуп на нов, помодерен автомобил.

Идејата за закуп на возило е користење на возилото, а не стекнување сопственост над него. Со закупот на возила имате можност секогаш да возите најсовремен автомобил.

ПРЕДНОСТИ НА ОПЕРАТИВНИОТ ЛИЗИНГ

Едноставен производ наменет за физички и правни лица, како и претприемачи

Користење возило, а не стекнување сопственост

Флексибилни, индивидуални и брзи решенија

Процедурата за одобрување на оперативниот лизинг е едноставна и кратка

Брзото одобрување ви овозможува во рок од 48 часа да дојдете до автомобил

Закупнините служат како основа за јасна и прецизна калкулација на трошоците

Задолжувањето по основ на договор за оперативен лизинг не се евидентира во кредитно биро

Акциски пакети – вклучување дополнителни услуги (каско осигурување, регистрација на возило и сл.)

САКАТЕ ДА ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА ОПЕРАТИВЕН ЛИЗИНГ?

Доколку сакате да поднесете барање за закуп на возило и ве интересира која документација е потребна за одобрување, дознајте ги сите детали со преземање на барањето за закуп.

Потребна документација

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ

Корисни информации што може да ви помогнат при носење одлука за набавка на автомобил со закуп.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА – ОПЕРАТИВЕН ЛИЗИНГ

Закупот е договор во кој закуподавачот му дава возило на употреба на закупецот, а закупецот се обврзува дека за тоа ќе плаќа одреден надоместок (закупнина). Со договорот не се предвидува откуп и основната замисла е користење на предметот на закуп, а не сопственост над истиот. Оперативниот лизинг дава можност закупецот да го врати возилото по истекот на договорот или да склучи нов договор за ново и помодерно возило.

Договор за оперативен лизинг (закуп) може да склучи и физичко и правно лице.

За време на траење на договорот за оперативен лизинг, предметот на закуп е во сопственост на компанијата што го одобрила закупот (ПОРШЕ ЛИЗИНГ). По истекот на договорот, сопственоста над предметот на закуп не се пренесува на закупецот.

Да, каско осигурувањето е задолжително! Тоа е многу важен елемент на оперативниот лизинг. Каското гарантира надоместок на штета во случај на штетен настан за време на траењето на договорот за лизинг.

Минималниот рок на кој може да се склучи договор за оперативен лизинг е една година.

Закупнината се плаќа по фактура што се издава за секоја месечна закупнина на крајот на месецот. Закупнините се плаќаат во согласност со дефинираниот план за плаќање.

Висината на депозитот има влијание на висината на месечната закупнина. Доколку закупецот сака пониска закупнина, депозитот треба да биде поголем, и обратно, доколку сака повисока закупнина, депозитот треба да биде помал.

Должината на периодот влијае на висината на месечната закупнина. Доколку закупецот сака пониска закупнина, периодот на закуп треба да биде подолг, и обратно, доколку му одговара повисока закупнина, периодот треба да биде пократок.