topSERVICE

Нашиот предлог е да не издвојувате одеднаш големи износ за редовно одржување, осигурување или регистрација на возилото. Во насока на ваше поефикасно користење на возилото, ви нудиме topSERVICE – уште една услуга што ви овозможува плаќање на рати низ договорот за одржување возила.

Без оглед дали поминувате повеќе или помалку километри, дали имате склучен договор како физичко, правно лице или претприемач, topSERVICE ви овозможува да користите автомобил на најкомфорен начин.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ ПАКЕТ НА TOPSERVICE УСЛУГИ

РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

Одржување пропишано од страна на произведувачот (замена на масло и филтри во согласност со однапред предвидени интервали)

КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Каско осигурување за цело времетраење на договорот. Овој начин ви овозможува заштеда, бидејќи долгорочните полиси се поевтини

РЕГИСТРАЦИЈА

Регистрација за цело времетраење на закупот или финансискиот лизинг. Во овој дел се вклучени сите трошоци: AO полиса, технички преглед, зелен картон, такси, налепници и таблички

УПРАВУВАЊЕ СО ГУМИ

Набавка, замена и складирање на гуми (во однос на дефинирана километража, дефиниран е и одреден број сетови)

ПОДДРШКА НА ФЛОТА

Поддршка и помош на пат 24/7

ПРЕДНОСТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСКОРИСТИТЕ:


Поволни услови и јасен преглед на трошоци


Минимално учество/депозит


Едноставен и брз процес на обработка на договорот


Вашиот дилер обезбедува сѐ на едно место – купување, финансирање, осигурување и одржување!