Порше Финансиска Групација Македонија
Порше финансиска групација Македонија обезбедува флексибилни, индивидуални и брзи решенија што обезбедуваат неограничена мобилност.
На нашите клиенти им нудиме услуги за финансиски и оперативен лизинг на возила, услуги за управување со возниот парк, услуги за одржување и осигурување возила, како и ефективни решенија за флексибилна краткорочна мобилност – од еден ден до 12 месеци. Сите овие услуги ги обезбедуваме преку две компании, Порше Лизинг и Порше Брокер.
Задоволен клиент е во фокусот на интересот на Порше финансиска групација Македонија. Ова го поткрепува и фактот што брзото одобрување ви овозможува да го добиете автомобилот во рок од 48 часа и дека тим од професионалци ќе се грижи за вас во текот на целиот период на договорот.
Порше финансиска групација Македонија е членка на групацијата Porsche Bank A.G., со седиште во Салцбург (Австрија), која е застапена во 15 земји и која со повеќе од 50 години искуство претставува лидер на пазарот во областа на финансирање возила и осигурување.
Porsche Bank A.G. е дел од Porsche Holding, најголемиот и најуспешен дистрибутер на возила што работи во над 30 земји низ светот.
Ви овозможуваме безбедна МОБИЛНОСТ НА ИДНИНАТА.
Добре дојдовте!