Прашања и одговори (FQA)
Општо
Porsche Leasing се наоѓа во Општина Бутел на бул. Босна и Херцеговина бр. 3, Скопје.
Затоа што Porsche Leasing дејствува како финансиска поддршка на увозникот на возила на VW групата, со цел подобрување на продажбата на возилата: VW, Audi, Seat, Škoda, Porsche и MAN.
Финансиски лизинг
Финансискиот лизинг е вид на финансирање кој подразбира постоење на три страни: корисник на лизинг, давател на лизинг и испорачател. Тоа претставува модерен начин на финансирање и пред сè е наменет за клиентите кои по истек на договорот сакаат да го откупат возилото. Овој вид на лизинг е исто така соодветен и за фирмите кои сакаат да го амотризираат возилото во деловните книги, со оглед на тоа што истото се евидентира како финансиска сопственост на Корисникот на лизинг.
За разлика од кредитот, по пат на финансиски лизинг се финансира конкретен предмет кој станува сопственост на корисникот на лизинг дури откако ќе биде исплатена последната рата. Кај договорот за финасирање преку кредит правен и економски сопственик на возилото е корисникот на кредит.
Основна разлика помеѓу финансискиот и оперативниот лизинг е во тоа што финансискиот лизинг претставува финансирање на купувањето (корисникот на лизинг станува сопственик на предметот на лизинг со исплата на последната лизинг рата), додека оперативниот лизинг (закупот) е замислен како користење на предметот на лизинг. Кај оперативниот лизинг возилото се дава на користење, што е многу слично на рент а кар. По завршувањето на периодот на закуп не доаѓа до промена на сопственоста, туку возилото се враќа на закуподавецот. Оперативниот лизинг најмногу одговара на фирмите кои релативно често го менуваат возниот парк.
Porsche Leasing финансира патнички и комерцијални возила од брендовите Volkswagen, Porsche, Audi, SЕАТ, Škoda и MAN. Предметот на лизинг може да се одбере во салоните на нашите овластени Volkswagen, Porsche, Audi, SEAT, Škoda и MAN дилери.
Периодот на финансирање зависи од бонитетот на клиентот (способност на плаќање), износот на финансирање и предметот на лизинг. Најдолгиот период на финансирање е 7 години.
Брзината на реализација на финансискиот лизинг пред сè зависи од тоа дали клиентот ја доставил комплетната документација која е потребна за добивање на финансиски лизинг. Од моментот на комплетирање на потребната документација до реализација на финансискиот лизинг потребни се 48 часа.
Висината на учеството се одредува според бонитетот на клиентот и се движи во интервалот од 15% до 50%.
Во финансискиот лизинг ратата не треба да биде поголема од 40% од вкупните редовни приходи на тоа лице при што предвид се земени и другите лизинг/кредитни обврски кои клиентот веќе ги има. Ограничувањето на висината на ратата кај правните лица се одредува според бонитетот на клиентот.
За уплата на месечната рата се зема продажниот курс на Комерцијална банка АД Скопје на денот на изработка на повикот за плаќање. Повикот за плаќање на месечната рата се праќа на почетокот од месецот на e-mail адреса на корисникот на лизинг.
Ратите се со варијабилна каматна стапка за ЕУР и е врзана на тримесечен EURIBOR. Во случај на пораст на тримесечниот EURIBOR, ќе дојде до промена на ратата.
За време на траење на договорот за лизинг, компанијата го задржува правото на сопственост над предметот, што претставува главен инструмент за обезбедување. Исто така за цело времетраење на договорот за лизинг возилото предмет на лизинг мора да биде КАСКО осигурано во корист на сопственикот т.е Porsche Leasing.
Дали ќе биде потребен гарант или не зависи од бонитетот на клиентот. Доколку се процени дека клиентот без проблем може да ја плаќа месечната рата, гарант не е потребен.
Барањето за финансирање е формулар во кој клиентот ги внесува своите податоци (доколку е физичко лице) или податоците од фирмата (доколку е правно лице).
Се одобрува, но во тој случај фирмата мора да има гарант.
За процена на бонитетот кај физичките лица се зема пријавената плата на која се плаќаат придонеси со доказ дека истата ја прима на својата трансакциска сметка на месечна основа.
Одобрувањето зависи од бонитот на клиентот. Просечно потребно време за одобрување (доколку клиентот доставил комплетна документација) е 24 часа, додека за целосна целосна обработка на податоците неопходни се 24 до 48 часа.
Финансиската задолженост на клиентот се проверува во кредитно биро, пред секое одобрување договор за лизинг. За секоја проверка во кредитно биро се уплаќа такса за повлекување извештаи. Овој трошок го сноси лизинг компанијата.
Не, лизингот во Р. Македонија се однесува на државјани на Р. Македонија.
Пензионерите можат да остварат право на земање на возило на лизинг само ако Договорот за лизинг/закуп завршува пред да навршат 72 години старост (притоа да биде исполнет основниот услов - максимално оптоварување на пензијата е 40%). Овие договори најчесто се реализираат преку обезбедување на кредитно способен жирант.
Да, каско осигурувањето е задолжително! Тоа е многу важен елемент во лизингот. Каско осигурувањето гарантира надоместок на штета во случај на штетен настан во периодот на важност на договорот за лизинг.
Со оглед на тоа дека сопственици на Предметот на лизинг се лизинг компаниите сè до отплата на последната рата од страна на Корисникот на лизинг, Предметот на лизинг мора да биде каско осигуран како еден вид на обезбедување на истиот. Во случај на кражба, осигурителната куќа ја исплаќа премијата на давателот на лизинг затоа што во полисата како осигуреник се јавува лизинг компанијата.
Во случај на штета полицијата врши увид, се прави записник, штетата се пријавува во осигурителната компанија, која потоа прави пресметка и таквата пресметана штета ја исплаќа на Давателот на лизинг (лизинг компанијата). Потоа Давателот на лизинг прави конечна пресметка и ја исплаќа разликата на клиентот, т.е. на Корисникот на лизинг.
Првата регистрација ја врши Давателот на лизинг. Пререгистрацијата ја врши самиот клиент со помош на Овластување за регистрација кое корисникот го добива од давателот на лизинг.
Корисникот на лизинг може предвремено да го отплати предметот на лизинг по истекот на една година од датумот на склучување на договорот за лизинг.
Давателот на лизинг има право да го одземе предметот на лизинг, но и во забрзана процедура која е во согласност со Законот за лизинг. Корисникот на лизинг нема право на поврат на претходно уплатените рати по основa на договорот на лизинг, затоа што предметот на лизинг е користен и корисникот на лизинг остварил добивка преку користење на наведениот предмет.
По плаќањето на откупната опција (во финансискиот лизинг тоа е последната рата) и проверка дали се расчистени сите обврски по конкретниот договор, се потпишува купопродажен договор со кој се пренесува правото на сопственост.
Договорот за финансиски лизинг може да се преземе единствено по истек на една година од датумот на склучување на договорот и под истите услови кои ги имал претходниот корисник на лизинг.
Оперативен лизинг
Закупот е договор во кој Закуподавачот му дава возило на употреба на Закупецот, а Закупецот се обврзува дека за тоа ќе плаќа одреден надоместок (закупнина). Со договорот не се предвидува откуп и основната замисла е користење на предметот на закуп, а не сопственост над истиот. Оперативниот лизинг дава можност Закупецот да го врати возилото по истек на договорот или да склучи нов договор за ново и помодерно возило.
Договор за оперативен лизинг (закуп) може да склучи и физичко и правно лице.
За време на траење на договорот за оперативен лизинг, предметот на закуп е во сопственост компанијата која го одобрила закупот (Porsche Leasing). По истек на договорот, сопственоста над предметот на закуп не се пренесува на закупецот.
- Користење на возилото, а не стекнување на сопственост (за разлика од финансискиот лизинг).
- Оптимално користење за правните лица од даночен аспект.
- Закупот за билансот претставува неутрален модел на финансирање , кој не ја зголемува задолженоста на претпријатието и ја подобрува ликвидноста.
- Закупот ја смалува основицата на данокот на добивка со оглед на фактот што ратите во сметководството се водат како трошок.
- Предметот на лизинг во книгите на компанијата што го одобрила закупот се води како основно средство.
- Закупнините се плаќаат месечно од приходите кои претпријатието ги остварува од користењето на предметот на закуп и се засновани на принципот: плаќај како што заработуваш.
- Закупнините служат како основа за јасна и прецизна калкулација на трошоците по периоди, што е многу значајно за претпријатието.
- Возилото не се прикажува како имот во книгите.
- Трошоците за закуп на возилото се пресметуваат материјалните трошоци.
- Трошоците лесно се планираат, бидејќи закупот претставува стабилна структура на трошоците во облик на месечна рата - закупнина изразена во евра.
- Минимално ангажирање на сопствен капитал.
- Непостоење на долгорочни обврски - одговороност за возилото само во периодот предвиден со договорот за оперативен лизинг.
- По истекот на договорот возилото може да се замени за ново или да се врати без било каква обврска.
- Процедурата за одобрување на оперативен лизинг е едноставна и кратка.
- Приспособливост на понудата.
- Закуподавачот и Закупецот можат да договорат и услуги за одржување, сервисирање и замена на делови т.н. Fleet management, како и да го платат осигурувањето, регистрацијата и пневматиците на рати заедно со основната закупнина.
Да, каско осигурувањето е задолжително! Тоа е многу важен елемент на оперативниот лизинг. Каското гарантира надоместок на штета во случај на штетен настан за време на траењето на договорот за лизинг.
Porsche Leasing одобрува закуп за патнички и комерцијални возила од брендовите Volkswagen, Porsche, Audi, SEAT, Škoda и MAN. Предметот на закуп може да се избере во салоните на нашите овластени дилери на Volkswagen, Porsche, Audi, SEAT, Škoda и MAN.
Минималниот рок на кој може да се склучи договор за оперативен лизинг е една година.
Периодот на закуп зависи од бонитетот на клиентот (способноста за плаќање) и од самиот предмет на закуп. Најдолг период на финансирање е 5 години.
Брзината на реализација зависи првенствено од тоа дали клиентот доставил комплетна документација потребна за добивање на оперативен лизинг. Од моментот на комплетирање на потребната документација до реализација потребни се 48 часа.
Може, но само за правни лица со исклучително добар бонитет.
Закупнината се плаќа по фактура што се издава за секоја месечна закупнина на крајот на месецот. Фактурата треба да се плати во согласност со планот на плаќање.
Закупнините се плаќаат по продажниот курс на Комерцијална банка АД Скопје на денот на издавање на месечната фактура.
Договорот не може да се префрли. Постојниот договор се раскинува (со плаќање пенали за раскинување) и се склучува нов Договор за оперативен лизинг со новиот Закупец.
Висината на депозитот има влијание на висината на месечната закупнина. Доколку Закупецот сака пониска закупнина, депозитот треба да биде поголем и обратно, доколку сака повисока закупнина депозитот треба да биде помал.
Должината на периодот влијае на висината на месечната закупнина. Доколку Закупецот сака пониска закупнина периодот на закуп треба да биде подолг и обратно, доколку му одговара повисока закупнина, периодот треба да биде пократок.
Возило за кое е склучен договор за оперативен лизинг најдобро е да се врати по истек на периодот на закуп, односно така како што е дефинирано со договорот. Закупецот може да го врати возилото и пред истекот на периодот на закуп, но во тој случај е должен да плати надоместок во износ од 6 месечни закупнини и трошоци за раскин во износ од 2 % од вредноста на возилото.
Доколку Закупецот го врати возилото на Закуподавачот пред истек на периодот на закуп, депозитот се намалува за износот на пеналите наведени во одговорот на претходното прашање, а остатокот се враќа на Закупецот.
Не може! Се раскинува договорот со стариот закупец (со плаќање пенали за раскинување) и се прави нов Договор со новиот Закупец. Закупот е сличен на рентањето.
Не (затоа што се менува основната вредност на возилото - помала е).
Не! По истек на Договорот за оперативен лизинг, доколку Закупецот сака да го купи возилото, тоа не може да го направи преку Закуподавачот.
Првата регистрација ја врши закуподавецот. Пререгистрацијата ја врши самиот клиент со помош на овластување за регистрација што корисникот го добива од закуподавецот. Исклучок се оние клиенти што имаат склучено и договор за сервисирање со вклучена услуга – регистрација на возило, па во тој случај пререгистрацијата ја врши закуподавецот.
Кај оперативниот лизинг возилото се регистрира во седиштето на Porsche Leasing во Скопје или во некоја од трите подружници во Куманово, Охрид и Битола.
Осигурување
Каско осигурувањето е задолжително во текот на целото времетраење на договорот за лизинг. Каско полиса може да се извади во некоја од следните осигурителни куќи со кои Porsche Leasing соработува: Триглав Осигурување АД, ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје, Друштво за осигурување УНИКА АД, САВА Осигурување, АД Осигурителна полиса и Кроација Осигурување-Неживот. Каско полисата има важност од една година и се обновува секоја година до крај на договорот за лизинг. Каско полисата е услов за преземање на предметот на лизинг/закуп.
За настанувањето на штетен настан, делумна штета, над предметот на лизинг/закуп треба да се извести осигурителната куќа која ја издала каско полисата и Porsche Leasing.
Полицисиот записник е пожелен, но не е неопходен при настанување на помали штети, гребаници и сл. Полициски записник е задолжителен доколку е настаната штета предизвикана од трето лице во сообраќајот или истата е во поголем износ.
Учеството во штетата го договара самиот клиент при вадењето на каско полисата. ПОРШЕ ЛИЗИНГ прифаќа полиси со најмногу 200 ЕУР франшиза (учество во штета). Пример: Франшиза од 200 ЕУР значи доколку штетата е проценета на 800 ЕУР, осигурителната куќа ќе покрие 600 ЕУР, а клиентот 200 ЕУР.
По констатирањето на штетниот настан, односно кражба, штетата мора да се пријави во МВР од каде се добива потврда за пријавена кражба. Оваа потврда се доставува до осигурителната куќа што ја издала каско полисата и до Porsche Leasing. За понатамошните чекори, информации се добиваат од Porsche Leasing.
Клиентот е обврзан сите видови на поправки, сервиси, прегледи и сл. да ги врши во овластените сервиси. Во спротивно, клиентот го губи правото на гаранција за купеното возило.
Во случај на кражба на возилото дадено на финансиски лизинг, учеството не се враќа на Корисникот на лизинг.
Корисникот на лизинг има право на поврат на средства во износ од разликата помеѓу уплатата од осигурувањето и остатокот на долгот што клиентот го има во лизинг компанијата.
Депозитот се враќа на Закупецот откако ќе се наплати штетата од осигурувањето, освен во случаите кога од сумата добиена од осигурувањето не можат да се покријат побарувањата на Porsche Leasing.
Во рамките на секоја полиса се дефинирани поимите: делумна штета, тотална штета и кражба. Овие штетни настани се покриени со каско полисата. Клиентот мора во зависност од дејноста (доколку е во прашање рентакар или такси компанија) да доплати за таа дејност според правилата на работење на осигурителните компании.